Tag Archives: Го посетивме авто салонот на Цитроен Автонова КАБ Белград
Го посетивме авто салонот на Цитроен Автонова КАБ Белград
Салонот на Цитроен во Белград на улица Работничка бр. 22 е повторно во полн сјај. Новиот сопственик го наполни изложбено продажниот салон со најновите модели на Цитроен. Во овој салон никогаш немало подобар избор на автомобили. Комплетна серија на моделот DS е изложена, но тука се и редизајнираниот C3 и C4 кој што се на акција со многу примамливи цени. Имено мене не ме привлекоа цените (навистина се поволни) , туку фактот дека Србите можат повторно да купат Цитроен кај сериозен дилер. Ако помисливте дека KAB е словенечка фирма сте се превариле. Тука купувата автомобил од македонска фирма. Ако можат Хрвати и Словенци да ни продаваат автомобили , можат и браќата по вера и менталитет Македонци. Секако не игра улога кој е сопственик на фирмата ниту тоа некого од нас го интересира и мене и вас, туку мене ме интересираше дали освен поволните цени во овој салон може да се добие и адекватна услуга, совет, помош, точни информации, а исто така сакав да проверам дали имаат тест возила на располагање. Тоа што јас милсам дека Охрид е најубаво езеро на целиот свет, тоа што јас ја сакам Македонија нема нималку да игра улога на оцената за овој салон. Знаењето на г-ѓица Слободанка Никчевиќ која ми посвети многу време е задоволително, но нејзината моќ за трговија е уште поголема. Секако тука има што да се види и на ова место ќе уживате рагледувајќи ги автомобилите.
Текст и слика: Александар Тодорович




































